ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.01.2022
СОНК бара онлајн настава во првите две недели од полугодието
Автор: Goce Author

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков предлага наставата во првите две недели од февруари да се одвива онлајн, а потоа да се разгледа епидемиолошката состојба во земјата.

 

Владата и Министерството за образование и наука да ја преиспитаат одлуката второто полугодие за основното и средното образование да почне на 1 февруари, пред сè, поради сериозната епидемиолошка состојба во земјата.

Ова денеска го посочи Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК), со предлог да се размислува за алтернативно решение за изведување на наставата, барем во првите две недели од почетокот на второто полугодие.

Претседателот на СОНК вели дека во време на висок процент на заразени и минусни температури, не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие.

Бараме алтернативно изведување на наставата, па потоа да се види каква ќе биде епидемиолошката состојба. Првично предлагаме наставата две недели од февруари да се одвива онлајн. Наставниците се веќе обучени, на учениците им е познат начинот на функционирање. Знаеме дека тој начин е потежок, но засега е побезбеден – додава претседателот на СОНК.

Второто полугодие со физичко присуство, одлучи Владата

На 17 јануари годинава Владата одлучи да се одложи почетокот на второто полугодие, кое требаше да стартува на 20 јануари. Утврди и дека учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин, односно на 10 јуни 2022.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска