ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.03.2022
СОНК најави штрајк во училиштата и градинките на 11 април
Автор: Goce Author

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, синоќа и официјално објави дека на 11 април ќе започне штрајк во училиштата и градинките.

Фото: fb СОНК

„Советот на СОНК донесе едногласна Одлука за Генерален штрајк кој што ќе започне на 11 Април. Денешните преговори завршија без предлог од страна на Владата“, се вели во кусата објава на фејсбук страницата на СОНК.

Вчера попладне во Владата имаше средба меѓу претставници на СОНК и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, на која според соопштението од средбата, било договорено „продолжување на континуираниот дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија“.

Меѓуоа, подоцна претседателот на Синдикатот Јаким Неделков, во изјава за телевизијата Сител рече дека училиштаа и градинките од 11 април нема да работат до исполнувањето на барањата на СОНК, односно до зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.

СОНК бара усогласување на платите и зголемување за 18,5 %

„Одговорот од Владата беше дека сме во економска криза, кризата со Украина и слично, но нашите плати, во просек од 25,000 денари не стигаат за задоволување на основните месечни потреби“, изјави Неделеков.

Инаку, платите на вработените во градинките сега се околу 23.000 денари, во основните училишта речиси 25.000, а во средните училишта до 29. 000 денари. Со зголемувањето, највисоките би биле нешто под 35.000 денари.

Според владините пресметки, пак, зголемувањето на платите во озбразованието би ја чинело државата околу 100 милиони евра годишно.

Членството од регионите на Синдикатот се изјасни за генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања. СОНК бара усогласување на платите во образованието со минималната плата, која од овој месец се зголемува од 15 200 на 18 000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

СОНК бара корекции на платите и за вработените во градинките, како и усогласување со минималната плата во високото образование и за вработените во ученичките и студентските домови.

Студентите си направија своја соблекувална во КБ Штип
Ние ја сакаме Европа, ама не сакаме ред – во чест на Горан Стефановски