ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.01.2022
Сопругата на Новак Ѓоковиќ не употребува парфеми – објасни зошто
Автор: Goce Author

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот број еден, открива дека не употребува парфеми. Таа е позната во светот дека е голем љубител на животните и борец за нивните права. Токму тоа е причината зошто избегнува користење на парфеми.

Сопругата на Новак ова го откри на својот Инстаграм профил, одговарајќи на прашања од своите обожаватели.

Фото: Инстаграм


Ѓоковиќ купил компанија која развива лек за корона


Прашањето се однесуваше на нејзиниот изглед и за тоа што таа користи. Воедно прашањето од фановите алудира на тоа Јелена да даде коментар за индустријата на парфеми.

„Драго ми е што учиме заедно! Јас одамна користам есенцијални масла, а не парфеми, но одлично прашање“, коментира Јелена.

Инаку во светски рамки се јавува тренд кој се нарекува „Етички парфеми“ и кои етичките норми ги ставаат пред профитот. Сегашните реклами на некои компании се фокусираат токму на тоа, да покажат дека тие се етички при тестирање на нивните продукти и дека не користат животни. Од друга страна овој тренд повторно ги става на врвот по профит овие компании, токму поради истакнување на тоа дека на нив им е важна етиката пред профитот.

Сопругата на Ѓоковиќ очигледно дека не употребува парфеми токму од етички причини, но веројатно ако ова стане поголем тренд и самата индустрија ќе се адаптира.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање