ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.12.2022
Совети за успешно интервју за работа
Автор: Goce Author

Успешното претставување на интервју за работа е важно за секој што се обидува да остави добар впечатпок кај работодавецот и да добие позиција која ја посакува. Целиот тој процес е проследен и со трема, страв, неизвесност, и секако е важно да се подготвите што е можно подобро. Секогаш има совети кои можат да ви помогнат, ние ви пренесуваме неколку.

Самата помисла дека ви е дадена можност да интервјуирате за работа може да предизвика страв. Затоа е важно добро да се подготвите пред да одите на интервју со работодавецот. Добрата подготовка е половина од завршената работа.

Пред самото интервју за работа потребно е да напишете добра апликација. Од моментот кога ќе дознаете дека сте повикани на интервју за работа, честитајте си на уште еден успешен чекор кој ве приближува до вашата цел, а тоа во случајов е вработување.

За почеток, пред да одите на интервју за работа, истражете го работодавецот за да дознаете што повеќе информации и на тој начин да имате појасна слика за позицијата за која аплицирате и што се очекува од вас на работното место.

Еден од најважните совети е да се опуштите пред интервју за работа. Стресот и стравот не се пожелни, бидејќи можат само да ја уништат вашата одлична можност за работа.

Image by ijeab on Freepik

На интервју за работа, не зборувајте лошо за старото работно место

Вистинскиот работодавач ќе ја разбере вашата нервоза како желба да станете дел од тимот. Но прекумерниот страв може да го натера работодавецот да се посомнева дека не знаете како да се справите со стресни ситуации.

Доколку покажете желба и страст за работа, нема да оставите лош впечаток, туку голем интерес. Тоа многу ќе му угоди на вашиот иден работодавец.

Исто така, хуморот и насмеаното лице се многу важни при вработувањето, особено ако аплицирате за работа во услужната индустрија или треба секојдневно да комуницирате со колегите.

Како да напишете добро CV?

Никогаш не зборувајте лошо за вашето старо работно место. Се добива впечаток дека сакате да зборувате лошо за луѓето со кои порано поминувавте време. Секој ќе помисли дека и во иднина ќе зборувате лошо за работодавците.

И конечно, важна е невербалната комуникација. Таа „носи“ 70% од вкупната комуникација. Затоа обидете се да останете смирени. Не избегнувајте контакт со очите, бидејќи тоа ќе покаже дека не сте подготвени за работа.

Богатите повеќе придонесуваат за глобалното затоплување
(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година