ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.05.2025
Современи звуци и светски имиња доаѓаат во Штип – започнува „Фестивал за современа музика 2025“

Од 26 до 29 мај, Штип повторно ќе биде музичкиот епицентар на современата класична сцена – започнува третото издание на меѓународниот „Фестивал за современа музика 2025“, во организација на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Настанот ќе се одржи во прекрасниот амбиент на Уметничката галерија „Безистен“, каде четири фестивалски вечери ќе понудат богата, иновативна и инспиративна музичка програма, со настапи на реномирани уметници од земјата и странство.

Фестивалот ќе го отвори познатото Новосадско камерно трио „Хероини“, составено од врвните музичарки Ксенија Мијатовиќ Кором (флејта), Вероника Антуновиќ Мариќ (обоа) и Слободанка Стевиќ (пијано), кои ќе настапат на 26 мај.

На втората вечер, 27 мај, ни доаѓа Милица Јелача Јовановиќ, врвна пијанистка од Вашингтон, а на сцената ќе ѝ се придружи и нашата Милица Шкариќ. Потоа, на 28 мај, следува концерт со дела за четирирачно пијано на камерното дуо Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски.

И оваа година, младите музичари добиваат своја сцена – на завршната вечер, на 29 мај, студентите од Музичката академија ќе го претстават својот талент на професионалната сцена, добивајќи поддршка и признание токму на почетокот од нивната музичка кариера.

Сите концерти започнуваат во 19:00 часот, влезот е слободен. Настанот се одржува во УГ „Безистен“ – Штип

“Агеласт” доаѓа во Скопје: Еден од највлијателните подкасти на Балканот во живо пред публика
Бесплатна работилница за новинари и креатори на содржини на тема зелена транзиција и медиумски иновации