ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.04.2022
Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз
Автор: Goce Author

Бесплатен превоз за сите средношколци во државата бара Сојузот на средношколци на Македонија, а за тоа има предлог за измена на законските решенија.

Сојузот на средношколци подготви закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование со кои ќе се воведе правилен превоз за сите средношколци на територија на целата држава. Со предлогот сите средношколци ќе го добијат правото на бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони во текот на целата календарска година, истакна претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, на вчерашната прес-конференција.

Тимовите на Сојузот подготвиле две предлог законски решенија кои за брзо време ќе можат да влезат во собраниска процедура. Првото се однесува на бесплатниот превоз за сите средношколци.

– Моменталната состојба е поразителна: сите се сеќаваме на случајот во Радовиш каде 66 средношколци две недели немаа превоз до училиште. Самиот систем е дискриминирачки – средношколците кои живеат на растојание помало од 2,5 километри од нивното училиште како и тие во приватните училишта немаат право на бесплатен превоз. Тие кои го имаат, пак, го губат правото за време на распустот што се намалува нивната мобилност, нагласи Павиќевиќ.

Тој додаде дека оствариле и средба со градоначалничката на Скопје и оти нивните идеи наишле на поддршка и разборање. Начелно договориле и состанок со Управниот одбор на ЗЕЛС.

Средношколците бараат и демократски и непосредни избори за претседатели на ученичките совети

Павиќевиќ информираше дека подготвиле и предлог-закон со кој ќе се гарантирааат ученички совети во секое училиште, нивна независност од другите органи на училишната управа и демократски и непосредни избори за претседателите на ученичките совети.

– Средношколското организирање е круцијално за канализирањето на гласот на средношколците и исполнување на нивните барања и интереси. Моментално истото не е регулирано со закон туку е оставено на добрата волја на училиштата. Ова дозволува честопати во училиштата воопшто да нема демократски претставници на учениците или пак тие да бидат именувани од страна на директорите. Ова мора да се промени. Долго време преку различни иницијативи заедно со ИДУЕП, КАС и ЛЕАД ги најавуваме нашите реформски зафати. Овој предлог-закон е подготвен. Тој гарантира постоење на ученички совети во секое училиште, нивна независност од другите органи на училишната управа и демократски и непосредни избори за претседателите на ученичките совети, наведе Павиќевиќ.

Објавен Конкурсот за упис во средно училиште – пријавување во јуни

Претседателот на Сојузот на средношколци одговори и на новинарско прашање во врска со нивниот став за протестот на СОНК:

– Не би сакале да го коментраме најавениот штајк на СОНК, меѓутоа мора да кажеме дека правото на образование е уставно загарантирано. Државата како знае и умее мора да го обезбеди за сите ученици, без прекин. На пример кога учениците штрајкуваат професорите им пишуваат неоправдани и честопати се осудува бојкотот од страна на учениците, така што прашањето е кој ќе им пишува сега неоправдани на професорите? Треба да се поттикнува солидарноста меѓу сите учесници во образовниот процес. Поквалитетен образовен систем е во интерес на сите, истакна Павиќевиќ.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?