
Индексот за човечки развој или Human Development Index (HDI) е мерило на УНДП кој мери неколку параметри во државите низ светот.
Photo by Slavcho Malezanov on Unsplash
Индексот мери здравје, едукација и приходи во одредени држави и е компаративен со другите држави во светот.
Овој индекс за првпат беше воспоставен во 1990 година и опфаќа многу повеќе аспекти на човековото живеење освен оние за бруто домашен производ, на пример. Се смета дека овој индекс многу повеќе го изразува квалитетот на живот и каде е најдобро да се живее. Според овој индекс најдобро да се живее и најдобро за човечки развој е во Норвешка.
За жал Македонија се наоѓа на 82 место и зад нас нема ниту една држава од регионот.
|