ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.05.2024
Спортски игри Велес – преку 400 спортисти од 6 земји
Автор: Goce Author

Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на третиот по ред спортски игри, настан кој нуди сè што ви е потребно за комплетно петдневно уживање.

Спортски Игри Велес е уникатно и незаборавно прославување на пет различни спортови во исто време и на исто место со локација во Градскиот Парк-Велес.

Одбојка на песок, мал фудбал, тенис, 3х3 баскет како и еспорт се спортовите во кои учесниците ќе имаат прилика да ги прикажат своите квалитети и воедно да освојат голем број награди од овогодинешниот награден фонд.Третото издание оваа година најавува дури 500 професионални спортисти од Шпанија, Полска, Италија, Србија,Чешка, Украина, Бугарија, Албанија со што заслужено го добива и приматот интернационален натпревар.

Покрај натпреварите кои ќе се одвиваат, организаторите ветуваат и одлична забава за сите останати учесници и посетители.Микс од фуд корнери, музичка забава, детски катчиња, фитнес предизвици и голем број други изненадувања се дел од совршената комбинација за одмор и авантура.

Сите спортски наптревари се бесплатни за гледачите, а oрганизацијата Спортски Игри Велес со целосна логистичка поддршка од Општина Велес, Агенција за млади и спорт, Државна видеолотарија на Македонија и голем број нивни помагатели, го слават спортскиот дух во срцето на градот и поставуваат нови стандарди кај публиката.

Организаторите ветуваат денови исполнети со одличен спорт и забава: „Целта на овој настан е симбиоза на локалното со меѓународното, пријателство и културна размена преку спортот. Нашата мисија сите овие години е да ги поврземе луѓето преку спортот како нивна заедничка страст .“-изјавуваат од Спортски Игри Велес.

„Секоја година игрите имаат визија да ги надминат своите граници и да се претворат во глобално движење низ спортски европски центри. Секогаш би сакале да останеме симбол за оние позитивни вредности и димензии кои ги промовираме преку настанот, а тоа се: почит, одговорност, тимска работа, здравје, размена и пријателство.“-додаваат организаторите.

За повеќе информации и инсерти од настанот клик тука

Зошто навиваме за аутсајдери?
Фестивалот „Ја сакам Плачковица“ годинава нуди качување на карпа, влегување во пештери, трка, забава со рок бендови…