

Емил Павлов го оствари најголемиот успех на македонското карате во борби на Светските првенства, со освојувањето на сребрениот медал на СП во Дубаи. Во категоријата до 67 килограми, Павлов во финалето загуби од освојувачот на олимипското злато од Токио, Французинот Стивен да Коста. Овој голем успех на Емил Павлов потврди дека тој требаше да добие вајлд карта за настап на Олимиписките игри во Токио, но тоа очигледно не го поколеба во намерите да докаже дека е најдобар и го донесе овој огромен резултат за Македонија. Претходно, најдобриот еезултат во борби на светските првенства го имаше токму неговиот тренер Жарко Арсовски, кој на СП 2010 во Белград го освои бронзениот медал. Во својата фантастична кариера, досега Емил павлов бил два пати европски првак (во Тампере во 2014 и во Нови Сад во 2018 година) и двапати трет (во Монпелје во 2016-та и во Гвадалахара во 2019 година), а освојувач е и на бронзен медал од Европските игри во 2015 година во Баку.
На аеродромот во Скопје синоќа фановите му приредија пречек на сребрениот Павлов, кој потоа пристигна и во рдониот Штип, каде радоста од постигнатиот успех со него ја споделија колеги каратисти, негови навивачи и сограѓани.