ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.05.2023
„Средноленд“ од 2 до 6 мај на плоштад Македонија
Автор: Goce Author

„Средноленд“ е настан кој од 2 до 6 мај се одржува на плоштад Македонија во Скопје, а на него ќе се престатавт талентирани средношколци од скопските училишта.

Денеска (02 Мај 2023) на Плоштад Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Градски парк – Школка во Скопје, организираат средношколски настан СРЕДНОЛЕНД.

Настанот кој оваа година се одржува од 02-06 Мај за првпат, има за цел да ги промовира талентираните средношколци и нивните училишта, да ги насочи кон вистинските вредности, и да го зголеми интересот кон уметноста и културата. Средноленд е инициран од професори и ученици од средните училишта во Скопје, организиран од ЈУ “Универзална Сала” а финансиски поддржан од Град Скопје.

Во рамките на овој повеќедневен настан, учениците ќе имаат можност да го претстават својот талент преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија и филм. СРЕДНОЛЕНД е настан во кој се вклучени ученици и наставници од 5 училишта во Скопје: СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Средношколци од Скопје ќе ги претстават своите таленти на првото издание на „СРЕДНОЛЕНД“

Настанот е од отворен карактер, а целосната програма граѓаните можат да ја погледнат на профилите на социјалните медиуми на Универзална Сала.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?