
По полициската акција се огласија од УГД: Целосно соработуваме со ОЈО и МВР
Марио Ванчовски и Иван Костевски се гимназијалците кои од Интернационалната Јуниорска Олимпијада за Природни науки во Дубаи се вратија со бронзен медал во областа на физиката.
Средношколците, иако се само прва година во Гимназијата “Славчо Стојменски” во Штип беа подготвувани од врвни професори и асистенти при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Материјалот за натреварот не беше само од материјата планирана за прва година по Физика, туку за сите четири години. Повеќе за искуството и подготовките за Олимпијадата, ни кажаа наградените со бронза, Марио и Иван.