ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.06.2024
Средношколец од Штип прво место за Најдобар фил(м)ософски есеј во рамките на Филозофски филмски фестивал
Автор: Goce Editor

Првото место за Најдобар фил(м)ософски есеј во рамките на сегментот Средношколска видеолектира му припадна на Методиј Стојанов од Средното Општинско Училиште „Славчо Стојменски“ од Штип. Наградата е во рамките на Едукативната програма на 14. Филозофски филмски фестивал – Скопје.

Под менторство на професорката Данка Јовева, Методиј го освои првото место за есејот на тема: „СТРАВОТ, ПРЕДРАСУДИТЕ И СЛИКАТА ЗА ДРУГИОТ: КАКО ДА ГО ПРОНАЈДЕМЕ ЧОВЕЧКОТО ВО СЕБЕСИ?“.

Методиј Стојанов со својата менторка Данка Јовева

Победничкиот есеј, ќе биде објавен и во националното филозофско списание „Филозофска трибина“.

Свеченото доделување на наградите од циклусот натпревари за средношколците се одржа во Кинотека на Македонија, а на Конкурсот пристигнале 20 есеи. Трочлената стручна комисија во состав проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Марија Тодороска и дипл. проф. по филозофија Никола Стојкоска, ги награди следните ученици:

Трето место: СИМОНА ЧАВКОСКА

(ментор: Дијана Милеска – Чуркоска), СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга

Второ место: ЕЛЕНА ЈОРДАНОВА

(ментор: Даниела Гражданлиева), СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино

Прво место: МЕТОДИЈ СТОЈАНОВ

(ментор: Данка Јовева), СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип

Сите наградени на свеченото доделување во Кинотека на Македонија

Учениците победници на Конкурсот за најдобар фил(м)ософски есеј добија едногодишни стипендии од Internacionalen Univerzitet Europa PRIMA, македонски филмови од македонската Кинотека, филозофска литература од издавачката куќа „Аз-Буки“ и од Филозофски факултет – Скопје, книги и списанија од областа на филозофијата и филмот од PHILOSOPHICAL SOCIETY of MACEDONIA, пригодни награди од Goethe-Institut Skopje, и ваучери во финансиска вредност од 6.000, 3.000 и 1.500 ден.

Повеќе за есеите и наградите може да се најде на следниот линк: https://philosophicalfilmfestival.mk/svl-nagradeni-esei/

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите