
(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Приказната „Донирај компјутер“ продолжува да нижи успеси, а целта е да нема дете без компјутер во државата. Поразговаравме со Борче Стаменов за тоа колку 2022 година беше успешна за нивната огранизација и колку деца имаат свој компјутер благодарение на „Донирај компјутер.“

- Новитети кај нас има цело време. Од поголемите проекти кои ги почнавме годинава ќе го спомнам проектот со Нептун. Нептун ни стана партнер и целата своја логистика ја стави во наша корист. Втората убава работа е наградата која ја добивме од Дојче Телеком. Се работи за награда во износ од 35.000 евра кои се наменски средства. Ние кажуваме што ни е потребно, Телеком набавува. Со тие средства е платено и опремувањето на новите работилници во Кавадарци и Скопје. Третата исто така одлична соработка е потпишувањето на меморандум за соработка со Универзитетот Гоце Делчев – Штип. Таму, исто така имаме наша работлница каде студенти и професори, покрај изведување на практична работа, ќе волонтираат и ќе го споделат своето знаење. Финалниот продукт т.е. компјутерите ќе се донираат на истата таргет група која ја имаме, а тоа се граѓани од ранлива категорија. Во преговори сме и со други такви инстититуции во Битола, Охрид и Тетово. Четвртиот новитет е соработката со УНХЦР. Тие ни ја опремија додатно работилницата во Скопје и таму ќе се изучуваат компјутерски вештини (дијагноза,поправка,инсталација) од лица кои се под нивни надзор. На тој начин им даваме можност да се вратат на пазарот на труд и нивна интеграција во општеството.

- Искрено, да. Ова е иницијатива која никому не му штети, а сите имаат големи придобивки од неа. Пред се, ние со донација на компјутери на социјално загрозените семејства се бориме за поквалитетно и еднакво образвание за секој граѓанин. Од компаниите го собираме отпадот и со тоа на некој начин го враќаме во живот или т.н. реупотреба.
- Фирмите исто како и физичките лица се многу инспирирани да помогнат. Гиганти се имаат вклучено во иницијативата која ја започнавме. Наместо уште корисните машини да завршат во отпад, ние на овој начин им даваме намена. Има уште многу компании кои ќе ни се приклучат, но затоа мораме да сме медиумски позастапени уште повеќе. Така, некогаш се надеваме во блиска иднина дека ќе ја оствариме и нашата цел, а тоа е да нема дете без компјутер во државава.
- Оваа година имаме израдувано точно 848 семејства. Од 2016 година кога и започнавме, до денешен ден се донирани точно 2166 компјутери низ цела држава. Добро е да се спомене дека опремивме и 20 училишта со ИТ опрема.

- Кавадаречката работилница, вклучувајќи ме и мене има околу десетина редовни кои доаѓаат секој ден. Во скопската работилница се двајца. Ако го земеме в предвид и бројот на практиканти кои доаѓаат тогаш имаме околу триесетина лица кои несебично се вклучени во нашите активности.
- Младите треба да се инспирираат пред се. Треба некој да им зборува и да им укаже на позитивните психолошки придобивки од самиот чин на волонтирањето. Токму тоа го правиме ние преку нашите канали на социјалните мрежи. Затоа толку гласно зборуваме за секој кој сака да може да ни се придружи и да направи нешто за некого кој не го ни познава. Судејќи од тоа што го гледам, само тоа им било потребно. Инспирација и поттик.
Стаменов: Се почна кога дојде самохрана мајка на три деца и ми побара компјутер
- Донирањето на компјутер никогаш не било полесно. Со соработката која ја остваривме со Нептун, секој кој сака да донира компјутер било тоа да е компанија или физичко лице, може едноставно да го остави во нивниот салон. Нептун еднаш неделно сите донации преку својата логистичка мрежа ги доставува до Кавадарци. За поголеми количини се договараме со самите донатори и организираме траспорт на донациите.
- Планови скоро никогаш не правиме. Нашата цел е да им помогнеме на луѓето па и на државата успешно се справи со овој огромен предизвик и да обезбедиме што е можно поголем број на компјутери кои потоа би ги донирале онаку каде има потреба. Само заеднички можеме да го решиме ова.
