
Алпинистичкиот клуб АСТРАЈОН отвора повик за нови волонтери и членови во рамки на проектот „Млади Херои“, кој е наменет за млади кои имаат амбиции своето слободно време да го исполнат со активности во природата и стекнување на нови планински вештини.

Повикот е отворен за млади од Општина Штип, кои сакаат да се обучат за безбедно движење во природата, планинско спасување и прва помош.
Со пополнување на пријавата, заинтересираните млади стануваат дел од базата на волонтери на алпинистичкиот клуб АСТРАЈОН и ќе имаат можност да се стекнат со нови вештини, искуства и совладување на предизвици кои ги носи природата.
Проектот „Млади Херои“ е поддржан преку програмата ReLOaD3, финансирана од Европската Унија и спроведувана од УНДП, со кофинансиска помош од страна на Општина Штип.
Можеш да се пријавиш на следниот линк: