ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.07.2022
Статистика бележи мало зголемување на бројот на студенти
Автор: Goce Author
Статистика бележи зголемување на брoјот на студенти во Македонија за 1,2 проценти во 2021/22 во однос на 2020/21.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, во академската 2021/2022 година се запишале вкупно 51 510 студенти, што претставува зголемување за 1.2 % во однос на академската 2020/2021 година.
Бројот на запишани студентки е 29 823 или 57.9 %. Најголем број студенти (82.6 %) се запишале на државните високообразовни установи, додека 16.8 % се запишале на приватните високообразовни установи.
На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 13 434 студенти или 26.1 % (тука се опфатени и
студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати).
      Ова се податоци кои статистика ги објавува врз основа на пристигнатите извештаи. Интересно е дека во време кога се говори дека се помалку има нови студенти, се бележи некаков раст. Сепак, тој раст за жал е повеќе резултат на бројот на веќе активни студенти, од сите години на студии. Колкава ќе биде бројката на бруцоши оваа година, ќе се знае некаде во септември. Засега е јасно дека потенцијални студенти во Прва година се 15.899 средношколци, кои полагаа државна матура. Со оглед на тоа дека нема сите да се запишат во Македонија, реално е да се очекува бројка слична на минатогодишната.
Според одлуката на Владата и МОН, на Државните универзитети годинава има слободни вкупно 22.847 места. Заедно со приватните универзитети, се доаѓа до бројка која покажува дека место ќе има за сите заинтересирани.
     Инаку, најмногу слободни места и годинава има на УКИМ , 10.918, Универзитетот во Тетово има 3819, УГД 3790, УКЛО 2625, „Мајка Тереза“ 1255 и „Апостол Павле“ 440.
     Од вкупниот број на слободни места, 12.082 се за редовни студенти бво државна квота, 7706 за редовни со кофинансирање и 3059 за вонредни студенти.
(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?