ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.05.2024
Статистика: Бројката на студенти расте, на дипломирани се намалува – се бира државен, наспроти приватен универзитет

Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година.

Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година.

Ректорат на Универзитет Гоце Делчев – Штип

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1 379, односно 18,6 проценти вонредни студенти. Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки.

Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.

Според Државниот завод за статистика бројот на запишани во прв циклус студии е во благ пораст.

Во академската 2022/2023 година се запишале вкупно 53 821 студент, што претставува зголемување за 4.2 % во однос на академската 2021/2022 година.
Бројот на запишани студентки е 30 969 или 57.5 %.

Најголем број студенти (77.7 %) се запишале на државните високообразовни установи, додека 22.3 % се запишале на приватните високообразовни установи.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите