Статистика – лани во прва година се запишале 15.097 студенти, а вкупно во академската 2022/23 се запишале 53.821 студент.
Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република
Северна Македонија, во академската 2022/2023 година се запишале вкупно 53 821 студент, што претставува
зголемување за 4.2 % во однос на академската 2021/2022 година.
Поголем дел од студентите се од понежниот по. Бројот на запишани студентки е 30 969 или 57.5 %.
Државните универзитети и понатаму доминираат – за речиси 8о% студенти тие се првиот избор.
Најголем број студенти (77.7 %) се запишале на државните високообразовни установи, додека 22.3 % се запишале на
приватните високообразовни установи.
На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 15 097 студенти или 28.1 % (тука се опфатени и
студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати).
Можеби ќе ве интересира