ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.11.2023
Стипендии од амбасадата на САД за студенти од Македонија – новинарство и еколошки прашања
Автор: Goce Author

Амбасадата на САД во Скопје ги поканува студентите да аплицираат за две летни школи Студии на американските институти (SUSI) за студентски лидери од Европа на следниве теми: еколошки прашања и новинарство и медиуми.

Петнеделните институти ќе се одржат од 25 јуни до 31 јули 2024 година. Апликациите треба да се испратат најдоцна до 20 декември на Taneskab@state.gov

Програмата е за студентите од 1-3 години кои се заинтересирани за програмата за еколошки прашања, чиј домаќин е Shippensburg University во Шипенсбург, Пенсилванија и програма за новинарство и медиуми, чиј домаќин е Државниот универзитет во Аризона во Темпе, Аризона. Краен рок за аплицирање е 20 декември

Сите информации можат да се најдат на следниот линк: https://mk.usembassy.gov/2024-study-of-the-u-s-institutes-susis-for-student-leaders-from-europe/

Отворен повикот за наградата на ЕУ за истражувачко новинарство за 2024 – фондот е 10.000 евра
Повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY