ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.02.2024
Стипендиите исплатени – студентите имаат нови барања
Автор: Goce Author

Студентите и до нашата редакција утринава информираа дека им легнале средствата од стипендиите. Сепак тие денес излегоа на протест со нови барања.

Протестот кој беше најавен уште претходно денес започна пред Министерството за образование и наука каде стотина студенти порачаа дека бараат промени.

Целта на протестот е да се истакне потребата од поголема ефикасност на министерството, да се искаже револтот на студентите за ненавремента исплата на продолжените студентски стипендии, задоцнетите исплати на ваучерите за превоз и доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите.

ФОТО: Мета.мк

Студентите кои се присутни на протестот за МЕТА.МК ги истакнале и проблемите со субвенционираниот студентски оброк и непочитувањето на зададените рокови и координираноста помеѓу одделенијата во институцијата.

Протестот е во организација на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, а доби поддршка и од останатите студентски собранија од државата, како и од неколку студентски организации и неформални движења.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?