ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.12.2021
Стоп на семејното насилство! Биди храбра!

Со јавен собир на плоштадот во Штип, штипската подружница на граѓанската организација „Една може“ се приклучи во одбележувањето на завршницата на глобалното движење „16 дена активизам“.

„Во сите земји, во точни датуми секоја година, од 25.11. до 10.12. се случува ова активистичко организирање, а кај нас оваа година, во организација на жената на бугарскиот амбасадор Билјана Ангелова – Били, која обедини мноштво поединки и граѓански организации, меѓу кои и ГО „Една Може!“ на тема „СТОП НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО! – БИДИ ХРАБРА! “ – изјави Тања Кировска од „Една може“

-„Целта ни е да кажеме стоп на семејното насилство. Имаме претставници од институциите, активистки, со цел да дадеме една гласна порака, запишана на дланка. Правиме еден перформативен молк, во чест на  сите жртви на родово базираното насилство, особено на семејното насилство. На овој настан му претходеше една севкупна кампања, со многу акции за помош и информирање за начинот и механизмите на институционална заштита, собирање на донации… Форматот на мирниот јавен собир е избран за да ги соедини сите засегнати страни во овој социјален проблем, првенствено крајните кориснички на организациите, примарните чинители –претсавнички од институции, експертската јавност и активистки и сите девојки и жени.

Многумина се вклучија и онлајн, преку порака напишана на нивните дланки, споделена на фотографија на социјалните мрежи со хаштази: #бидихрабра #стопнадомашнотонасилство“ – изјави Кировска

На овој настан, организацијата  ЕДНА МОЖЕ! – Скопје  ја презентираше завршната активистичка изложба на „Компилација МЕГАФОН 1:  АНОНИМНА РЕАЛНОСТ / ДОЈАВИ ОД ЕДНОРОДИТЕЛСКИ СЕМЕЈСТВА И САМОХРАНИ МАЈКИ ОД Р.С. МАКЕДОНИЈА“


Прочитајте и: Закон за заштита од насилство имаме, како ќе се имплементира


„Една може“ е релативно нова организација во Штип, и работи на охрабрување на жртвите на насилство да го пријавуваат, она што се случува позади вратите е веќе нужно да стана јавно и да се зголемува храброста кај жртвите да пријавуваат.

„Се надеваме дека овие 16 денови активизам ќе придонесат за жртвите да се охрабрат и да пријавуваат не само во нашата организација, туку и во сите други организации кои работат на заштита на жртвите од семејно насилство да пријават, со тоа што ние ќе им дадеме и правна помош, и ќе ги упатиме во механизмите на институционална заштита, и се надеваме дека целата оваа кампања ќе им биде вистински поттик“ 0 рече на крајот Тања Кировска од „Една може“.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?