Проектот STRADA ве поканува на регионален настан посветен на зајакнување на женското лидерство и учество во производството и иновациите. Оваа иницијатива има за цел да ги поттикне жените да ги развијат своите дигитални вештини и да го унапредат својот професионален раст во дигиталната ера.
Настанот ќе биде клучен дел од мисијата на STRADA за поддршка на идните женски лидери во индустријата, обезбедувајќи им знаења за лидерство, дигитална трансформација, иновации, претприемништво и одржливост.
Посетителите ќе имаат можност да слушнат инспиративна презентација за перспективата на ЕУ, што ќе ја одржи Европскиот институт за иновации и технологии (EIT). Ќе биде претставен и самиот проект STRADA, заедно со најава за вториот повик за 2025 година. Настанот ќе вклучи и динамична панел-дискусија, каде што поранешни учеснички ќе ги споделат своите успешни приказни за тоа како STRADA позитивно влијаел врз нивните кариери.
Покрај едукативниот дел, настанот ќе понуди одлични можности за вмрежување со индустриски експерти и организации, меѓу кои и WomenTech EU – иницијатива што ги поддржува жените во deep tech стартапите низ Европа преку грантови без капитално учество.
Детали за настанот:
Настанот е поддржан од EIT и EIT Manufacturing. Ве охрабруваме да се регистрирате и да учествувате во оваа значајна дискусија која ќе ја обликува иднината на жените во индустријата!
Пријавување и повеќе информации на следниот линк .