Видео кое доаѓа од градот Кахраманамарас или скратено Марас, покажува голем број на срушени објекти од страотниот земјотрес кој ја погоди Турција и Сирија. Градот се наоѓа на југот од Турција и брои преку 300 илјади жители.
Во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што утринава ја погоди јужна Турција и северна Сирија загинаа најмалку 641 лице, а се очекува бројот да расте. Се верува дека стотици луѓе сè уште се заробени под урнатините додека спасувачите ги проверуваат купиштата во потрага по преживеани.
Бројот на загинати во областите под контрола на сириската влада се искачи на 237, а повеќе од 630 се повредени, објавија сириските државни медиуми. Според Белите шлемови, најмалку 120 луѓе биле убиени во областите под контрола на бунтовниците.
In #Sanliurfa the moment a building collapsed recorded by mobile phone hours after 7.8 #earthquake hits Turkey. #deprem pic.twitter.com/YDc8DH9lbn
— JournoTurk (@journoturk) February 6, 2023
BREAKING: CCTV footage from M7.8 earthquake in central Turkey appears to confirm reports that the earthquake lasted more than a minute.#Turkey #earthquake
pic.twitter.com/utDsxiPNB5— Global News Network (@GlobalNews77) February 6, 2023
Scary footage of the earthquake in Turkey tonight.
pic.twitter.com/NweJRwrnhn— Faytuks News Δ (@Faytuks) February 6, 2023