ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.11.2021
Стресо од колоквиумските недели објаснат со Битолски дијалект

Од ко напрајвме анкета за неделата на стресо ни текна дека најмногу стрес прај факултето.

“Факултето и испитите ми прат поќе стрес”

“ Се осеќам под стрес оти колоквиумите идат

“Напнатост ми прај  факултето и работата

Прочитајте ја цела анкета тука: https://goce.mk/kako-da-prezhiveete-so-stres/

За време на колоквиумите не спасват само стилото и чакмакот за цигари. Поќе зијан гледаме од немукает отколку од скриптите. После не фаќа шубе шо ќе се падни на колоквиум.

Одма не мават неубај мисли. Професорите како не плашат, исав да се немало. Инкер, ќе се падни то шо немаме научено. Терсене е да се научи цел материјал. А колегите како шо се заваритенџере ич не се од помош. На крајо ни се збоктисва на сите од се.

“Најмногу стрес ми прат колоквиумите оти ко ќе сме прва година на факултет учењето е различно од средно и ни треба време да се навикниме. Ко ќе се наредат колоквиумите еден по друг, бучкуруш. А и професорите неќат да дат една шеска муфте. Ексик веќе се. Кај да стигниме побрзо работата.”- И.Ј. студентка I год.

Професорите неќат да дат шеска муфте, ама и стипси се за десетки. Најмногу се плашиме да не го љуфниме испито, па после одново да полагаме.

Арно ќе се погоди некој колега дрндлест и ќе ни намалат на материјало.

Ако пробаме да препишиме одма не чактисват. Апансас ќе положиме некако и после одма се мислиме за другиот колоквиум…..

Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?
Дебатата како уметност на слушање: Кога убедувањето прераснува во наметнување