ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.01.2022
Студент од Штип 6 месеци асистираше на Американски стоматолог

Анџело Димов е студент на четврта година на насоката Дентална медицина на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, кој 6 месеци работел како дентален асистент под менторство на Американски стоматолог. За време на пандемијата и online наставата, практичните вежби на овие факултети значително беа редуцирани. Затоа, Анџело решил да аплицира за работа како дентален асистент  во Америка. Повеќе за искуството тој ни раскажа во интервју за Гоце.мк.

“Откако започна онлајн наставата, размислував каде би можел да започнам било каков вид на пракса за да се подобрам и надоградам во мојата струка. Следејќи ги предавањата чувствував  одреден вид на сувопарност во материјата која ја изучував и имав голема желба директно да воспоставам контакт со пациентите и да го набљудувам целиот процес во ординација. Ми помогна што веќе имав државјанство. Аплицирав во повеќе ординации, испраќав CV и мотивационо писмо и потоа бев повикан на интервју. Огромна предност беше  тоа што имав завршено средно медицинско училиште и тоа што студирам овде на овој факултет”, вели Анџело, студент на ФМН на УГД.

Тој вели дека за него оваа пракса кај докторот Адел Магид во Dental Center of Oxford, Micigen претставувала огромно искуство и бенефит, а контактот со пациентите му бил најзначајниот дел од работата.

Што всушност вклучувала оваа работа и обврски потекнувале од неа?

“Во работната позиција како dental assistant задачите сочинуваа четворорачно асистирање на стоматологот , подготовка на сала при интервенција , стерилизација и дезинфекција , снимање на ртг, зимање на отпечатоци на пациенти за тотална протези и парцијални, земање отпечаток и моделирање на привремени коронки, распоред на пациенти, снимање на состојбата на денталните лакови. Предзнаењето што го имав како студент ми беше од голема корист со тоа што имав познавање од материјалите со кои што се работеше, подготовката на инструменти за интервенцијата и менаџирањето на сите средства кои што беа користени.

Одредени денови останував и после моето работно време и докторот ме обучуваше како се чита рендген. Заедно ја подготвувавме операционата сала, му асистирав при работата. Клучен фактор беше тоа што секојдневно комуницирав со пациентите и го го усовршив тој однос на доктор-пациент”, вели Анџело.

Кои се разликите во методиката на работа?

Според досегашното негово искуство, методите користени овде кај нас и во Америка се разликуваат. Таму се користат посовремени методи и алатки кои дефинитивно ја олеснуваат работата.

“Помагалата во америка се посовремени со тоа што како пример можам да ги дадам Digital impressions ( 3-D intraoral scanning )  е една од најсофистицираните методи за снимање на дигитална реплика на усната шуплина. Во однос на опремата во ординацијата што ја поседува во секоја соба за интервенција поседува посебен рентген апаратура со тоа што е поврзано директно за компјутер и преку софтвер се реализира снимката што е сликана”, вели Анџело.

Праксата е исклучително важен дел од струките како оваа, и е пожелно да се одвива со физичко присуство во помали групи во услови како овие. Студентот смета дека добро би било и воведувањето на летна пракса каде би учеле од искусни стоматолози. Според него, во вакви услови, единствената позитивна страна е што професорите биле секогаш отворени за дополнителни прашања и интеракции.

Како е да се биде студент на Медицина?

Ова искуство е и од големо значење за секој студент за во иднина

“Искуствата и знаењата што ги стекнав би сакал да ги искористам на факултетот со тоа што би ги споделил со моите колеги и би сакал да ги мотивирам да истражуваат нови техники и иновативно да размислуват за како би можело да се подобри технологијата и материјалите што се користат. Искуството што го стекнав во текот на мојата работа во САД ќе ми претставува мотивација за семестралната размена преку Еразмус+ програмата  што ќе се одржи во Италија за некој месец”, вели Анџело.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?