ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.12.2021
Студенти аплицирајте – одлична можност за професионален развој

Студентите од трета, четврта или последна година на некој од Универзитетите во Македонија имаат можност за Професионален развој, програма на    American Councils for International Education, наречена  MEET Western Balkans. Во неа, платената можност за професионален развој покрај студентите од Македонија, ја имаат и студентите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија!


Анкета: Да ги дознаеме условите во студентските и ученичките домови


Условите, освен да се студенти на трета, четврта или последна година на некој од универзитетите во овие држави, се да зборуваат англиски на напредно ниво и да сакаат  да посветат време на учење, придонесување, подучување на другите и да станат дел од регионална тематска мрежа за медиумска писменост. Сите заинтересирани треба до 9 јануари 2022 година да пополнат формулар кој може да го најдат на следниот линк:

https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=DwmHHIIIz0G5qBp8WUSC-Sv4XnsrM0hCljtNHmyVADBUM0hXMElHWlUxQ1hROTRIN0szRkU2UExWUy4u&wdLOR=c3DB433A1-12FB-4A27-A52C-98354877112E

Се очекува учесниците да присуствуваат на обуки и состаноци (вкупно 15 часа, јануари и февруари 2022 година) да спроведуваат обуки и да менторство (вкупно од 8 до 10 часа, март и април 2022 година) на средношколците од горенаведените земји – кои се конечните корисници на наставната програма ко-креирана во ноември и декември 2021 година од учесниците-професори од средните училишта и American councils . По завршувањето на нивниот ангажман, секој студент ќе добие 499 евра хонорар во локална валута (бруто, што значи дека конечниот износ што ќе се префрли ќе зависи од даночната политика на земјата).

Учесниците ќе бидат обучени и ќе работат заедно со професорите од средните училишта за да развијат наставна програма фокусирана на Западен Балкан што ќе ѝ овозможи на младата публика да открие и спречи дезинформации, фалсификувани информации и пропаганда преку анализа на дискурси, медиумски агенди, инфо-забавни феномени, јавни/ приватни интереси во медиумите, филмот и музиката итн. Учесниците, исто така, се очекува да им помогнат на Американските совети да ја рашират веста за програмата и исто така да помогнат во приклучувањето на средношколци во нивните заедници да учествуваат на завршните обуки за медиумска писменост. Сите овие обуки и состаноци ќе се одвиваат онлајн.


Да бидеме од помош, Андреа да продолжи да студира


Проектот MEET Western Balkans (ноември 2021-јуни 2022) е управуван од Американските совети за меѓународно образование. Средствата за оваа програма доаѓаат од Balkan Trust for Democracy, проект на германскиот Маршалов фонд на САД и од норвешкото Министерство за надворешни работи.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?