По повод патрониот празник на Природно-математичкиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, на најдобрите студенти со највисок просек им биле доделени пофалници. Меѓу нив се студентите од втора година-Христина Тасева и Катерија Краљевска од насоката Применета хемија-аналитичка биохемија со просек 10,00 и Иван Арсов од насоката Молекуларна биологија и генетика со просек 9,6.
„Реално ако прашате некој за овој факултет, ќе добиете само негативни одговори во смисла дека е претешко и не е за секој. Тоа прво ми даде некоја мотивација и предизвик, а второ тука е мојата замисла како за 10 години пишувам научни трудови и се занимавам со научна-истражувачка дејност, а тоа е нешто што од секогаш ме исполнувало.“, вели Христина.
И тројцата студенти се согласуваат дека рецептот за успех се содржи од континуирано учење и добра дисциплина и организација на времето за да ги одржат оценките и понатаму.
„Важно е она што го учиме да го разбираме и дробно да знаеме да го објасниме, а за тоа е потребно време и дисциплина. Ако се заглави на нешто и се почувствуваме дека мислите ни се преокупираат со грижа, подобро е да оставиме да се одмориме за да не биде контрапродуктивн. Исто така човечки е да се почувствуваме дека нешто не правиме како што треба или дека не е доволно, но најважно е да си дадеме позитивна афирмација. Добро е да се има и некој си план и поставување на приоритети на предмети, полагања и слично, нормално не секогаш ќе оди како што треба планот, но тоа се видоизменува согласно состојбата“, вели Иван.
Според Христина, најдобар совет кој таа може да го даде на своите колеги е:
Додека пак Катерина порачува да бидеме одлучни во нашите цели и она што го сакаме.
„Најголемиот совет што може да го дадам на останите студентите е да дознаат првенствено што сакаат да постигнат на академски и кариерен план, а не да студираат само заради парите, престижот и очекувањата на другите луѓе. И да изградат навики за учење согласни со нивниот уникатен начин на размислување.“, вели Катерина.
Најдобрата студентка Марија Грујоска го споделува својот рецепт за успех
„Би ја препорачал техниката на „active recall“ – тоа е еден принцип преку кој за многу кратко време можете да меморирате изобилство на информации. Се практикува така што ќе извлечеме некој термин, како пример нека биде симпатикус, и ќе напишеме се’ што знаеме во врска со него. Потоа вршиме преглед од веќе средени белешки или од книга/скрипта и го дополнуваме она што сме го испуштиле. Цртање на шеми и цртежи помага многу за визуелизација на градивото (пример биохемиски синтези, патишта на нервен систем, градба на секундарно дрво…). Гледање на YouTube видеа, консултација со други литератури и колеги исто помагаат во процесот на учење. Исто така многу е важно да се прават одмори додека се учи, Pomodoro техниката најмногу може да помогне во врска со тоа, но исто така и одмори од типот на прошетки, дружба преку кафе, журки се од потреба!“, вели Иван.
Исто и Катерина се сложува со Иван во поглед на активното учење.
„За активно да ги следам предавањата запишувам белешки. Се фокусирам прво да ги разберам главните концепти и ги учам како потоа истите да треба да му ги објаснам на некој друг. Ако има факти што мора да се научат напамет ги пишувам на flashcards. Сепак, учењето најмногу ми се сведува и на постојано повторување на наученото и самоевалуација на тоа до каде сум стигнала.“, вели Катерина.
За повеќе совети, прочитајте го и вториот дел од успешната приказната на студентите.