ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.02.2023
Студенти на УГД волонтираат во Турција за да им помогнат на оштетените

Благица Захариева и Маја Серафимова се студенти 6 година на Факултетот за Медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Изршувајќи пракса преку Еразмус програмата во Истанбул , двете студентки се нашле таму токму во периодот на катастрофата. За среќа тие се добри и моментално волонтираат помагајќи им на оние кои се погодени од земјотресот.

Благица Захариева

Благица започнала со праксата  во септември 2022 година болницата Аџибадем во Истанбул, Турција, додека Маја ја започнала својата пракса исто во септември, но во Универзитетот Истанбул. И двете студентки потврдија дека ситуацијата таму е навистина емотивна и многу луѓе се вклучени за да помогнат.

„Сите сме шокирани поради пустошот што ги погоди Турција и Сирија со двата силни земјотреси лни кои предизвикаа широко разурнување кое беше кобно за многумина човечки животи. Во Турција загинаа над 16.000 луге, иако за жал бројките секојдневно се зголемуваат.Болницата во која ја вршев праксата веднаш се организира и објавија списоци за волонтери лекари и медицински персонал кои можат да се вклучат во акцијата за спасување на жртвите. Иако се пријавивме,  ние студентите не не можевме отидеме на терен , бидејќи предност се даде на професионални екипи. Но, ние помогнавме во организирање за собирање на средства, парична помош, храна , облека, медицински помагала и доиравме крв.“, вели Благица.

Маја Серафимова

Според Маја , сите доставувачи на храна се вклучени во доставување на храна и материјали во местата каде што е најмногу потребно.

„Се гледа дека голем број од луѓето се ангажирани за да помогнат. Поголем број од стадионите се користат како простор за достава на донации. Многу од интернационалните Еразмус студенти се вклучени во помагањето. Се сеќавам во среда од 11 до 14 часот бевме ангажирани околу прифаќањето на донации и нивно складирање и приготвување за достава во најмногу погодените места.“, вели Маја.

Во многу држави беа организирани хуманитарни акции за помош во Турција, а сведоци сме и на посветеноста на Македонија. Во изминатите неколку дена се организираа многу хуманитарни акции и пунктови за донации.

Маја Серафимова

Грејни тела и бебешки продукти се најмногу потребни

Маја ги поздравува сите граѓани кои до сега донирале и организирале хуманитарни акции и порачува дека истото треба да продолжи. Продукти се потребни во секој момент, а најмногу се потребни бебешка храна, пелени, конзервирана храна, топла облека. Многу од луѓето се надвор од страв и несигурност во своите станови. Да се продолжи со помошта е многу важно, бидејќи и оние кои се преживеани се соочуваат со посериозни повреди, а според податоците 25% од нив имаат Crush синдром.


Студенти на ФМН-УГД организираат хуманитарна акција во Штип за оштетените во Турција


„Помош пристигнува од сите држави. Браво за екипата од Македонија кои беа на терен и учествуваа во извлекувањето на момче од урнатините, за сите донации од УГД, Црвен крст на РМ и целокупната поддршка од државата. Иако треба време за донациите да стигнат до погодените градови, сѐ уште не е доцна. Оваа ситуација ќе трае најмалку 3 месеци  и апелирам до сите граѓани доколку можат да одвојат барем 100 денари и да ги донираат преку смс на официјалиот број за донации 143- 400 или да испратат основни продукти на пунктовите за донации во Македонија. Секоја акција е важна! За жал, вакви природни катастрофи оставаат огромни пред се психички трауми врз целокупното население. Во вакви случаи псохолошката помош исто така е неопходна.“, вели Благица.

Иако, тие не можеле да помогнат медицински, сепак порачуваат дека нивната професија е хумана. Ќе се потрудат да помогнат најмногу што можат.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?