Студентите од четврта година при Технолошко-техничкиот факултет, УГД Штип учествуваа со своја модна ревија на „Меѓународни денови на модата“ во Бугарија. Настанот беше организиран од факултетот за уметности при Југозападниот Универзитет ,,Неофит Рилски”, Благоевград.
Ревијата која беше изработена од студентите, а е детска есенска колекција, е насловена како ,,Кирилицата, магичниот мост на уметноста”.
Колекцијата е составена од 12 модели на детски капути изработени од чоја, на кои беше претставена азбуката преку полнети перничиња. Оваа колекција е продолжение на колекцијата посветена на браќата Свети Кирил и Методиј, која студентите секоја година традиционално ја изработуваат и претставуваат на манифестација „Меѓународни денови на модата“, организирана од Технолошко -техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Детската колекција секоја година се изработува и подарува на децата без родители. Во продолжение погледнете ја галеријата од настанот.