
Тројца студенти од Правен факултет – Медиумски студии и односи со јавност при УГД Штип добија можност да бидат дел од тимот на RYCO проектот. Тие активно учествуваа во работилниците со познати експерти од областа на новинарството што резултираше со три новинарски приказни-индивидуална, тимска и новинарска приказна со врсници од други универзитети. Подготвените новинарски приказни ќе бидат објавени на платформата Хајде.
Автор: Божидар Доневски
Тројцата студенти, Михаил Милошевски, Кристијан Трајчов и Божидар Доневски, под менторство на професор Јорданка Галева, објавија исклучително интересни приказни кои ги таргетираат младите.
Инаку RYCO /Regional youth cooperation office / e регионална канцеларија за младинска соработка.
Ја основале во 2016-та година учесници од шест земји од Западен Балкан: Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија, со цел да ја промовираат соработката меѓу младите во регионот преку програми за младинска размена од различни универзитети.

RYCO претставува балканска младинска мрежа. Младите од земјите од западен Балкан имаат можност да ја запознаат културата на своите соседи, да склопуваат нови пријателства и да ги надминат предрасудите.

Според Беатрис Ангранд, генерален секретар на DFIW / Германско-француска младинска соработка/, RYCO проектот претставува прекрасна можност за соработка на млади луѓе од шест земји од западен Балкан, со тоа што се активно вклучени во креирање на програмата и во активностите на проектот. Младите се движечка сила во едно општество и креатори на подобра и посреќна иднина.