ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.02.2024
Студенти заедно со своите професори организираат симпозиум за ретки болести
Автор: Goce Author

Во пресрет на Светскиот ден на ретки болести, студентката на медицинскиот факултет на УГД, Даница Среткоска заедно со проф. д-р. Тодор Арсов организираат Симпозиум за ретки болести. Симпозиумот е насловен “Во ова семејство никој сам не се бори”, а ќе се одржи на 29.2.2024 со почеток од 12:00 часот во Свечената сала на Кампус 2 на УГД.

 

Симпозиумот ќе биде од информативен карактер наменет за сите студенти на ФМН при УГД, а свое обраќање ќе имаат повеќе професори на различни теми.

проф. д-р. Тодор Арсов – Ретки болести во ерата на геномната медицина-можности и предизвици

д-р. Љеља Муаремоска-Канзоска – Предизвикот на ретката дијагноза во детската неврологија

проф. д-р. Иван Барбов – Ретки болести во адултната неврологија

Гордана Лолеска – Претседател на здружението “Ретко е да си редок”-Охрид ќе ја сподели својата приказна за борбата со ретка болест-Алпорт синдром

Весна Алексовска-претседател на здружението “Живот со предизвици” ќе раскаже како е да се живее со ретка болест

Линк за пријавување:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeONeerbjgqr02J5pmmB3vy8pdIIyxufSVU5LT82KFK3OWYwg/viewform

Денот на ретки болести е одлична можност да се подигне свеста и разбирањето за многубројните предизвици што ги имаат оние кои страдаат од ретките состојби. Иницијативата за поддршка им овозможува на луѓето да се запознаат со проблемите што ги измачуваат оние кои живеат со ретки болести, како и да се поттикнат активностите за поддршка и истражување.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица