
После неколку недели лажни ветувања за исплата на средствата за студентскиот оброк и стипендија, денес студентите конечно ги добија ветените средства.
Имено на студентите им беа исплатени средства во висина од 2.520 денари за субвенциониран студентски оброк за месец декември. Средства беа исплатени и за студентите кои го продолжија правото на стипендија за месеците октомври, ноември, декември и јануари.
За оние кои прв пат аплицираа за стипендија, резултатите беа објавени вчера, а студентите потребно е да потпишат договор со МОН во три примероци заедно со копија од трансакциска сметка, и ги достават директно во писарницата на Министерството за образование и наука или да ги испратат по пошта – препорачана пратка со повратница на адресата: улица „Св. Кирил и Методиј“ број 54, 1000 Скопје.
Договорите можат да ги испраќаат до 17 февруари.