ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.03.2024
Студентите на Медицина при УГД организираат Конгрес

Студентскиот конгрес на студентите на ФМН од УГД ќе се одржи по третпат, на 17 и 18 мај во Штип.

Студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев “-Штип го организираат третиот студентски конгрес на општа медицина- СКОМ 2024. Конгресот насловен „Dum vita est, spes est! (Додека има живот, има надеж!)“ ќе се одржи  на 17 и 18 мај во просториите на Мултимедијалниот центар на УГД. Ваквиот настан ќе се одржи трет пат по ред , после оние во 2018 и 2019 година.

Целта на Конгресот е збогатување на знаењето на студентите по медицина и матичните лекари , како и подобрување на нивните практични вештини.

СКОМ е настан на кој со свои излагања ќе се прикажат бројни реномирани имиња на доктори и професори од државата, меѓу кои и д-р Владимир Чадиковски, д-р Виктор Камнар , д-р Александар Митевски и други познати имиња од докторската фела. Покрај професорите, можност за презентирање ќе имаат и самите студенти. Предвидено е ваквите пленарни предавања да се одвиваат наутро, додека во попладневните часови ќе има организирано практични работилници каде студентите ќе имаат можност да ги подобрат своите вештини во различни области од медицината.

Студентскиот конгрес СКОМ ќе донесе излагања на еминентни експерти

Во текот на овие два дена, добредојдени ќе бидат сите студенти од сите насоки на државните медицински факултети како и сите млади лекари.

Истите ќе имаат можност да одберат дали настанот ќе го следат како пасивни или активни учесници со претставување на своја орална или постер презентација.

Студентите на УГД помогнаа на свој колега

„Особена чест ни претставува што оваа година успеавме да го организираме третиот по ред СКОМ. Со подготовки кои започнаа уште од летото минатата година, очекуваме овој настан да заземе голем одзив меѓу студентите и професорите и да прерасне во традиција која ќе продолжи да се одвива секоја година. До сега има пријавено околу 300 заинтересирани студенти , а очекуваме оваа бројка до мај да се зголеми уште повеќе. Целта на Конгресот е да се научи нешто ново што се користи во медицината и да слушнат предавања поразлични од класичните на кои сме навикнати “, велат од организациониот одбор на СКОМ.

Студентите ги повикуваат сите заинтересирани колеги и матични лекари да ја пополнат пријавата и да им се придружат на 17 и 18 мај за едно поразлично искуство.

Студентите полесно со авион низ светот од со автобус низ Македонија
Аутизмот – свет кој треба да научиме да го разбереме