ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.03.2022
Студентите на средба со министерот за образование побараа подобар стандард и повеќе вмрежување
Автор: Goce Author

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска се сретна со студентски претставници на Универзитетот св. Кирил и Методиј од Скопје. На средбата се разговарало за можноста за подобрување на студентскиот стандард и поголемо вмрежување на студентите со своите колеги од Европа.

Како што информира МОН, биле разменети мислења за барањата кои студентите ги адресираа до Министерството за унапредување на нивниот стандард и на квалитетот на високото образование.

Разговаравме и за потенцијалниот влез на Државното студентско собрание во Европска студентска унија, најголемата студентска организација на ниво на Европа, и очекувањата на студентите. Заклучивме дека е наш заеднички национален интерес студентите да се вмрежат со студентите од Европа и да разменуваат искуства и знаења, рече министерот Шаќири, додавајќи дека МОН е подготвено да ги поддржи да станат рамноправни членови на европското друштво од над 20 милиони студенти, изјави министерот Шаќири.

Студентските претставници сметаат дека вмрежувањето во единствената студентска платформа ќе придонесе кон нивно поголемо информирање и обуки за развојот на политиките во високото образование на европско ниво, учество на студентите во истражувања и партнерски проекти како и кон широка размена на знаења и искуства.

Европската студентска унија е автономна, демократска и репрезентативна организација на студенти низ Европската област на високото образование и има организации членки во 40 земји.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?