
После организираната хуманитарна забава , која се одржа во понеделникот, студентите успеаа да помогнат на својот колега од УГД. Иницијативата беше на Факултетското студентско собрание при ФМН-УГД, Универзитетското студентско собрание, организацијата СОМА и Хуманитарното здружение „Д-р Симон Василев“.
Студентот кој се наоѓаше во тешка финансиска состојба и не беше во можност да ги покрие трошоците за следната академска година, денес успешно го запиша наредниот семестар. Преку дружба и забава, студентите , но и професорите и асистентите на УГД , заедно успеаа барем минимално да допринесат и да помогнат.
„Иако средствата кои ги собравме не се некоја огромна сума, сепак се доволни за да се покријат студиските потреби на студентот. Позитивно сме изненадени од студентите, но и Професорите и Асистентите на УГД кои максимално ја подрржаа оваа иницијатива и допринесоа во истата. Можам да кажам дека просторијата на Кофи Лаб, каде се одржа забавата беше максимално полна и гостите не само што се забавуваа, туку на некој начин и беа исполнети со тоа што помогнаа. Се надевам дека во иднина повторно ќе организираме нешто од ваков карактер или пак ќе помогнеме на поинаков начин. Студентите секогаш се отворени за сугестии и се докажа дека знаат и можат да помогнат.“, вели еден од организаторите.