
Истражувањето на тема „Сексуално вознемирување на универзитетите во Република Македонија‘’ се одвиваше 18 месеци и притоа беа опфатени 330 студентки и студенти, посочија истражувачите.

Image by master1305 on Freepik
Професорите Ице Илијевски, Ивона Шушак Лозановска и Ангелина Станојоска промовираа монографија во која се посочени резултати од истражувањето.
Целите на истражувањето беа насочени и кон превентивните механизми бидејќи сексуално вознемирување постои. Поголем дел од студентите се изјаснија дека сексуалното вознемирување не го препознаваат. Превентивните механизми се врзани со постоење на правна рамка која ќе ги охрабри студентите да пријавуваат во универзитетот.
Професорката Ангелина Станојоска посочи дека студентите немаат доверба кон универзитетите да пријавуваат сексуално возменирување затоа што нема соодветна правна рамка за нивна заштита.
Сексуално вознемирување – сива зона и во законите и во менталитетот
,,Само дел од универзитетите во Македонија, сексуалното вознемирување го имаат предвидено во нивните етички кодекси или во правилници, меѓутоа доминираат универзитетите кои оваа проблематика воопшто не ја регулирале во нивните акти или актите не се јавно достапни, а тоа значи дека ги нема’’ – истакна професор Шушак Лозановска на панелот за дискусија.
,,Сексуалното вознемирување претставува сложен и социјален општествен проблем кој е присутен кој е присутен во сите држави и е една од формите на родово засновано насилство, но студентите не го препознаваат’’ – рече професор Ице Илијевски.
Се отвораат низа прашања, зошто студентите не го препознаваат сексуалното насилство? Зошто универзитетите не ја регулираат оваа проблематика?