И покрај победата која ја уживаа студентите во врска со субвенционираниот студентски оброк, сепак Владата сѐ уште ги остави незадоволни поради неисполнетите ветувања.
Имено, на студентите им се ветуваше покачен износ за оброк, но сепак после договорите се одлучи до март 2023 износот да остане на 120 денари дневно. Во врска со ова студентите при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го изнесоа својот став.
- „Повлекувањето на шокантните измени во законот за ССО се добредојдени и секако, неопходни. Останува проблемот во однос на висината на средствата. Имено по 120 денари на ден ќе се исплаќаат до 15 март наредната година, а потоа ќе се покачат средствата на дури 140 денари. Истите ќе се трошат кај соодветно пријавени субјекти. Студентскиот оброк беше замислен да фунционира на овој начин уште минатата година, која беше еден вид пилот година. Тоа досега требаше да биде средено. Новостите дека средствата кои нема да се потрошат тој ден ќе пропаднат, односно нема да се префрлаат за наредните денови или месеци е разочарувачка.“, вели Стефан Николов, 6 година студент на Факултетот за Медицински науки при УГД-Штип.
Стефан Николов
Незадоволство се покажа и поради доцнењето на стипендиите и оброкот за кои сѐ уште нема распишано конкурс.
- „Во вакво време на криза Владата ги остави студентите без нивниот оброк и стипендии. Поголем дел од студентите живееат на грбот на своите родители, па ваквото доцнење ги остави студентите на терет. Изминатиот период беше проследен со изговори за нови предлози и услови во врска со законот за субвенциониран студентски оброк. Тоа дополнително ги стави студентите во кризна економска состојба. Во однос на најновата одлука во врска со оброкот сметаме дека сме оштетени. Покрај инфлацијата од 30% на сите намирници и храна во угостителските објекти, цената сепак остана на 120 денари. Настава веќе се одвива со физичко присуство и сме принудени да купуваме оброци со сопствени средства наместо со наменетите кои досега требаше да ни бидат дадени.“, вели студент од УКИМ.
Студентите скептични и за тоа како ќе се одвива новиот закон
- „Студентите конечно се обединивме и изразивме незадоволство откако се објавија новите услови во врска со оброкот. За кратко време добивме позитивни резултати. Во врска со новите мерки од март останува да видиме во пракса како ќе се оствари, кои угостителски објекти би нуделе студентски оброк и со каков квалитет.“, вели Шевал Зиза, студент. 5 година на ФМН при УГД.
Шевал Зиза
Можеби ќе ве интересира