ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.03.2023
Студентите од ФМН мереа шеќер и крвен притисок по повод 16 години УГД

По повод одбележувањето на 16 години постоење на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, покрај свечената церемонија, се поставија и штандови на три локации во градот каде студенти по Медицина од петта и шеста година вршеа бесплатно мерење на шеќер и крвен притисок на граѓаните.

Штандовите беа поставени на плоштад Слобода, во Штипскиот City Mall и на влезот кај Економскиот Факултет.

Според Александар Стојменовски, студент 6 година на ФМН при УГД, самите организатори на настанот одлучиле да оваа година постават вакви штандови сѐ со цел да ги инволвираат студентите по Медицина, но и да ја подигнат свеста на граѓаните за значењето и опасностите од хипертензијата и дијабетот.

Студентите даваа и нефармаколошки совети на граѓаните

Покрај увидот во измерените резултати, цел на студентите беше и превенција од покачен шеќер и крвен притисок, па така тие на граѓаните им даваа и нефармаколошки совети. Советите главно се базираа на избегнување мрсна и преработена храна, откажување од цигарите и алкохолот и практикување на физичка активност.

„Покрај мерењето на шеќер и крвен притисок, исто така ние студентите дававме и нефармаколошки совети на граѓаните базирани на измерените резултати. Доколку кај одредена индивидуа измеривме покачен шеќер ја советувавме да ја намали исхраната со јаглехидрати и да биде поактивна. А при покачен крвен притисок советувавме да се намали внесот на сол. Секако препорачавме и практикување на исхрана богата со витамини и повеќе пешачење во природа,“, вели Леона Стојановска, студент петта година на ФМН при УГД.

Ваквите штандови беа и олеснителна околност за студенти

Најчести посетители на штандовите во поголем процент беа постарите. Но , покрај граѓаните кои имаа увид во нивната здраствена состојба, ваквите штандови им беа од помош и на студентите. Според Бојана Кацарова, студент петта година на ФМН , инволвираноста на штандовите значела доближување до здравствениот систем и олеснување во целото медицинско работење. По денешната активност , студентката вели дека се забележа постоење на  подеднаков интерес и кај помлада и кај повозрасната популација за сопственото здравје.

Студентите имаа можност да се запознаат и со навремената дијагностика

Важноста на навременото дијагностицирање и превенција , студентите денес ја видоа од прва рака, каде на неколкумина граѓани успеале да дијагностицираат покачен шеќер во крвта и да ги упатат во посета на матичен лекар.

„Имавме ситуација каде на случаен минувач на гладно му измеривме покачени вредности на шеќер во крвта односно вредност од  13,8 mmol/L. По земана анамнеза и повторно мерење по половина час утврдивме дека  граѓанинот навистина има ризик за покачен шеќер и го упативме кај матичен лекар. Го советувавме и да ја намали исхраната со шеќери и повеќе да пешачи, “, вели Ефимија Тодоровска, студент од шеста година на ФМН.

Студентите се согласни дека ваквите настани се од големо значење за заедницата особено овде кај нас каде дијабетот и хипертензијата се едни од водечките патогени. Во иднина тие очекуваат организација на повеќе вакви настани каде ќе можат да го потенцираат значењето на превенцијата и здравиот начин на живот.

Здравствени политики за сите
Институционалното насилство врз трансродовите лица сериозен проблем