
Студентите од студентската организација СОМА и ММСС организираат заеднички настан по повод одбележувњето на денот на ретките болести.
Симпозиумот е насловен “РАЗЛИЧНИ ПРУГИ,ЕДНА БОРБА”, а ќе се одржи на 27ми и 28ми февруари во во Мултимедијалниот центар на УГД (Економкси факултет).
Настнаот е бесплатен, а можат да учествуваат сите заинтересирани студенти и млади луѓе. На 27.02.2025 започнува во 12.00 часот со предавања и дискусии на тема „Новороденечки скрининг и фенилкеронаурија“, а продолжува со тркалезна маса на темата за ретки болести. Додека на 28.02.2025 започнува во 14.30 часот со предавања од професорите Велибор Тасиќ, Никола Ѓорѓиевски и Тодор Арсов.
Заинтересираните можат да се пријават за учество на следниот линк .