ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.04.2023
Студентите ретроактивно ќе добијат зголемени стипендии
Автор: Goce Author

Студентите ретроактивно ќе ги добијат средствата од зголемените стипендии за академската 2021/22 и дел од 2022/23.

Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договор за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретроактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската 2021/22 и за дел од 2022/23 година.

Износот на разликата за студентите ќе се надомести преку две исплати, односно еден дел ќе им биде префрлен на трансакциските сметки во октомври 2023 година, а вториот дел во февруари 2024 година. Додека за учениците износот на разликата до зголемените стипендии ќе се исплати во октомври 2023 година.

Од Министерството потсетуваат дека спогодбите ќе можат да ги потпишат само ние ученици, односно студенти кои доставиле анекси на договорите за стипендија до Министерството за образование и наука во предвидениот рок.

Фото: Мета

Новини ќе има и во поглед на висината на средствата за студентски оброк.

Министерството за образование и наука информира дека во соработка со пратениците во Собранието се работи на унапредување на законското решение за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира меѓудругото и зголемување на дневниот паричен надоместок.

Нов предлог закон: Студентскиот оброк да биде 140 денари од април

Предлог измените на законот за новото системско решение се во собраниска процедура и по нивно усвојување, исплатата ќе продолжи редовно, а студентите кои го остваруваат ова право, на своите трансакциски сметки ќе го добиваат зголемениот износ.

Министерството дава поддршка за побрзо донесување на законските измени, а во меѓувреме ги врши сите потребни подготовки, односно собирање на потребните информации од надлежните институции за брза исплата на средствата, веднаш по стапување во сила на измените на законот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?