ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.12.2021
Зошто студентите сакаат онлајн настава?

Неодамна спроведената анкета од страна на Факултетското студентско собрание при Факултетот за медицински науки на Универзитетот “Гоце Делчев” покажа дека во просек 85% од студентите на сите години при ФМН не сакаат летниот семестар да го започнат со настава со физичко присуство. Студентите наведоа повеќе причини зошто сакаат да се задржат до online настава, а нив најдобро ни ги образложи Претседателот на ФСС на ФМН Александар Веселинов.

Александар Веселинов


Знаете ли која е улогата на Факултетското студентско собрание?


“На почетокот од пандемијата најголемиот дел од студентите на ФМН гледаа со доза на скептицизам во успешноста на online наставата и online полагањата на колоквиуми и испити, за да на крај се уверат во сосема спротивното. Резултатите од спроведените анкети тогаш и сега се сосем обратнопропорционални, ако тогаш интересот за физички колоквиуми и испити беше искучително висок сега работите стојат поинаку. Веројатно, online завршените активности на факултет од дома се посоодветен начин за најголемиот дел од студнетите на ФМН, а тоа го гледаме од резултатите на самите анкети.”, вели Веселинов.

Страв од вирусот постои, но со оглед на тоа дека дискотеките се полни, оваа причина станува несериозна. Па , се поставува прашањето, дали студентите инсистираат на online настава само поради можноста за алтернативни полесни начини за полагање испити?

“Најголемиот проблем кај студентите од четврта, петта и шеста година е токму престојот во Штип, бидејќи за првпат од оваа година имаме обавување на клиничка пракса во повеќе болници ширум цела држава. Ако решивме еден проблем и се склучија договори со повеќе државни и приватни клиники, со цел помали групи да имаат можност секојдневно да обавуваат квалитетна пракса. Од друга страна се појавува друг проблем, а тоа е дека сите студенти не можат да останат во Штип и не можат да следат настава и колоквиуми физички. Затоа што со Ковид пропишаните мерки, капацитетот на Клиничката болница во Штип не може да ги задоволи сите студентски групи од сите студиски програми и генерации. Искрено, се надевам дека студентите не одлучиле да гласаат за online активности токму поради можноста за „препишување“, односно манипулирање при испитните активности. Станува збор за сериозна професија и бел мантил кој носи низа одговорности понатаму во животот.”, вели Веселинов.

Овде проблем е и недоволниот број на вакцинирани студентите. Иако ФСС имаа иницијатива и резервираа термини за вакцинација за студентите, сепак некои од нив сѐ уште се против.

“Индивидуална одлука е дали некој ќе се вакцинира или не, според новите статистички податоци расте бројот на вакцинирани студенти кои се приклучуваат во групите за обавување на пракса од идниот семестар. Апсолутно ја поддржавме акцијата за масовна имунизација против Covid- 19 и голем дел од студентите зедоа учество во истата. Доколку има интерес и потреба од студентска помош за имунизација односно вакцинација, не е исклучена можноста за поинтензивно делување во периодот што следи.”, порачаа од ФСС на ФМН.


Втора доза примиле 48% од граѓаните


Според резултатите се чини дека и оваа година наставата ќе се одвива online во целост. Се поставува прашањето како ова ќе влијае врз идниот перформанс особено на студентите на медицина каде практичните вежби се од неизмерно значење?

“Проблемот со практична настава делумно е решен со тоа што се склучија повеќе договори со повеќе клиники низ цела држава, а се интензивираат и преговорите за пониските студиски генерации да се приклучат на физички вежби во текот на идниот семестар. Искрено се надевам дека деканската управа при ФМН ќе дозволи барем неколкупати во текот на месецот да имаат организирани вежби со што одблизу ќе се запознаат со проблематиката која теоретски ја изучуваат. Студентите од прва и втора година, генерално слушаат академски предмети и практичните вежби можат солидно да се совладаат без притоа да имаат недостатоци. Времето кое студентите од овие години го поминуваат на online активности од дома, може рационално да го искористат за стекнување на солидна медицинска основа на која ќе се темели понатамошната нивна претклиничка и клиничка едукација.”, вели Веселинов.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање