ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.09.2022
Добредојдовте бруцоши – Ова се места за спорт и рекрација

Пешачката патека, Спортската сала „Јордан Мијалков“, малите спортски терени – места за спорт и рекреација на младите и студентите во Штип.

Враќањето на студентите на настава со физичко присуство по две години онлајн настава, заедно со бруцошите кои првпат ќе го почувствуваат студентскиот живот, ќе дадат нов импулс во животот во универзитетските градови. Штип ги пречекува новите студенти на УГД, како и оние кои веќе се студенти, но две години учеа од дома. Во студентскиот живот значаен дел зазема и спортот и рекреацијата, па еве ги можностите кои Штип ги нуди на овој план.

 

Од аспект на спортските настани, во највисока конкуренција настапува ФК „Брегалница“, во Првата фудбалска лига на Македонија. Натпреварите ги игра на Градскиот стадион , кој е во фаза на изградба на модерни трибини.

Одбојката има убава традиција, машкиот и женскиот одбојкарски тим се отворени за сите студенти и млади кои го сакаат овој спорт. И кошарката преку КК Соколи 1933 се врати, а натпреварите и на одбојкарите и кошаркарите, како и на пингпонгарските екипи, се играат во Спортската сала „Јордан Мијалков“. Тоа е и главното место за спорт и рекреација на студентите на УГД, со дополнителен терен за мал фудбал, ракомет и кошарка на отворено, со покриени трибини.

Пешачката патека омилена за рекреација

Кога станува збор за рекреација, најсилниот „адут“ на Штип е пешачката патека, долга околу пет километри. Започнува од кај Ректоратот на УГД во Ново Село, и се простира покрај течението на Брегалница, по живописен предел под  тврдината Исар, па се до населбата Балканска.

Тоа е еден од најпосетените предели за пешачење, трчање, а од годинава патеката е проширена со велосипедска патека.

Во сите делови од градот има мали спортски терени, од фудбалски, ракометни, кошаркарски и тениски, кои може да се користат најчесто без надомест.

Во Штип има и неколку теретани, како и клубови за вежбање, Јога клуб кој организира курсеви за јога….   За овие активности информациите најлесно можете да ги најдете на социјалните мрежи.

За љубителите на спортското качување на планината Плачковица, кај Планинарскиот дом „Вртешка“ е изградена вештачка карпа, на која се одржуваат и меѓународни натпревари.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
По полициската акција се огласија од УГД: Целосно соработуваме со ОЈО и МВР