ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.05.2025
Студентите си направија своја соблекувална во КБ Штип

Студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, си направија и добија нова соблекувална во Клиничка болница Штип. Иницијативата беше на студентите кои се дел од студентската медицинска организација СОМА Штип, а беше поддржана и од Клиничка болница Штип, како и од Фондација за развој на локална заедница. Долгогодишната потреба на студентите за свое катче и место за подготовка за пракса во Болницата, ги поттикна студентите да преземат нешто во свои раце и сами да креираат иницијатива.

„Ова не е само обична соблекувална, туку е катче за припадност на ови студенти во Болницата. Иницијативата потекна од долгогодишната потреба на студентите за своја просторија во склоп на КБ Штип. Со ова докажавме дека младите може да придонесат во општеството и нивните идеи и иницијативи да се спроведат.“, вели Ирена Жежова, претседателка на СОМА.

Подготовките за ова, започнаа во октомври минатата година, откако КБ Штип им ја ослободи просторијата, а ФРЛЗ даде финансиски допринос. Заедно со професионалците, во реновирањето и приспособувањето, активно учествуваа и самите студенти.

Студентите добија и морална поддршка од институциите

„Целиот овој проект сакаме да го покажеме како пример кој треба да го следат и останатите институции и да инвестираат во млади, затоа што тие се движечката сила на општеството. Со ова сакаме да го намалиме и самиот проток на студентите и гужвата во просториите на КБ Штип, но и порационално да делуваме во спречување на интрахоспитални инфекции.“, вели Александар Величков, потпретседател на СОМА.

Покрај финансиската, многу поважна беше и моралната поддршка која ја добија од институциите.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина

„Фондацијата за развој на локалната заедница ја поддржа  финансиски и морално иницијативата на и во неа препозна модел како младите треба да се однесуваат во општеството и со нивна помош да ги решат проблемите со кои се соочуваат. Членовите на СОМА се пример како младите знаат да се грижат за себе и да помогнат на своите колеги и сограѓани“ – вели  Борис Шарковски, претставник на ФРЛЗ.

„КБ Штип повеќе учествуваше како логистички поддржувач и овозможи просторија која студентите може да ја пренаменат за нивните потреби. Целта е тие да се чувствуваат покомфортно и подостоинствено во самата установа.“, вели д-р Владко Захариев, директор на КБ Штип.

Ние ја сакаме Европа, ама не сакаме ред – во чест на Горан Стефановски
Штип добива нова културна искра: „Очи на Шопов“ стартува на 9 мај!