ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.02.2026
Студентите сѐ уште се делумно информирани за улогата на студентскиот правобранител

Нов студентски правобранител избраа студентите на Универзитетот Гоце Делчев – Штип, тоа е Антонио Василев. Антонио е студент на Музичка Академија , но вели дека иако доаѓа од Музичка Академија, отсекогаш имал интерес за застапувањето на правата на студентите и подобрување на студентскиот стандард.

Антонио Василев

„Во текот на студирањето се соочив со ситуации во кои сфатив колку е важно некој да ги слушне и насочи студентите кога се чувствуваат неправедно третирани. Тоа беше мојата главна мотивација , да бидам глас и поддршка за колегите, без разлика од која област доаѓаат.“, вели Антонио.

Во неговата нова улога како студентски правобранител, тој истакна дека не е неопходно да си дипломиран правник за да бидеш студентски правобранител, но е важно да се има основно познавање од законите поврзани со високото образование, статутот на универзитетот и правилниците на факултетите.

„Во пракса, функциjата подразбира постоjано информирање, консултација со правни служби и соработка со надлежни тела, со цел правилно да се насочат студентите и да се постапува согласно прописите.
Улогата на студентскиот правобранител е да ги штити и унапредува правата на студентите. Toj посредува помегу студентите и институциите, дава советодавна поддршка, укажува на евентуални неправилности и иницира постапки за нивно решавање. Важно е да се нагласи дека правобранителот е независен и непристрасен во своето работење.“, вели Антонио.

Студентите се делумно информирани за улогата на студентскиот правобранител

Од досегашното искуство на Антонио, студентите најмногу му приоѓаат за решавање на проблеми поврзани со испитните рокови, начинот на оценување, административни процедури или недоволна информираност за одредени права.

Извештај на ЕУ: Македонија мора повеќе да инвестира во младите и образованието

„Решението најчесто започнува со разговор и советување, а доколку е потребно, се иницира комуникација со професорите, деканатот или соодветните комисии за да се изнајде решение согласно правилниците кој ги поседува одредениот факултет.“, вели Антонио.

Студентите се делумно информирани за улогата на студентскиот правобранител. Според Антонио, сѐ уште има простор за подобра информираност. Најчестите дилеми со кои се соочуваат студентите е тоа што дел не се запознаени со улогата на правобранителот, а дел не знаат како да се обратат. Кај многумина постои и страв.

„Кај некои студенти постои страв од можни последици. Затоа е важно да се нагласува доверливоста на постапката и фактот дека целта е заштита, а не создавање конфликти. Со поголема транспарентност и отворена комуникација сметам дека тој страв постепено би се намалил.“, вели Антонио.

Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија