ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.11.2023
Студентите треба да бидат погласни за подобар студентски стандард
Автор: Goce Author

Студентите треба да бидат погласни во барањата за поквалитетно високо образование, подобар студентски стандард. Ова го изјави Блендаи Ходаи, директор на Форум за образовни програми и поранешен средношколски лидер.

–Студентите се соочуваат со сто проблеми од различни аспекти, стандардот, но и со квалитетот на Високото образование, ние треба да бидеме погласни, не само ние неколку активисти кои сме гласни и цело време говориме кон подобрување на квалитетот на образованието, туку сите треба да бидеме гласни и да им кажеме на институциите конкретните работи кои ние ги сакаме. Тоа се дигитализација на високото образование, транспарентност, покачување на студентскиот стандард.

      Како што знаете, со новиот Буџет за 2024 намалени се средствата за студентскиот стандард, тоа не треба да се случи. Иако сме во криза, ние сме постојано во транзициска криза, но не треба да се крати од студентскиот стандард и треба да се инвестира во младите и студентите. Зошто е тоа важно? Затоа што во иднина тие што ќе раководат со универзитетите, со здравството, со државата, со многу важни институции, сме нашата генерација што денеска говориме и се бориме за подобра иднина. Така, ако скратиме сега финансии, буџет, можности кон таа генерација, нема да имаме толку убава иднина како што зборуваат многу политичари и чинители во општеството – изјави Ходаи.

Во студентски град стандардот треба да е прилагоден на студентите

Ретроспектива: Студентскиот стандард и високото образование во 2022 година

Ходаи одговори и на прашање за студентскиот стандард во Македонија. Според искуството кое како невладина организација го виделе во други држави, нашата се наоѓа на дното:

–Не може да се обезбеди базично ниво на студентски стандард. Еве да го земеме Скопје. Во другите држави , градовите во кои има универзитети се нарекуваат студентски градови, и економскиот стандард е прилагоден кон студентите, да им биде полесно да завршат и да го поминат студентското искуство таму. Скопје е буквално најлошиот пример за студентски град во регионот. Затоа што е поскап за студентите и не обезбедува една средина каде што студентите би можеле да го доживеат студентското искуство.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ се одржа Јавна дебата „#DigiU приказната на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, искуства и предизвици“.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?