ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.12.2021
Студентка поради финансиски причини не е во можност да го продолжи студирањето – бара помош
Автор: Goce Author

Факултетското студентско собрание на Факултетот за медицински науки објави повик за помош за нивна колешка која не е во можност да ги продолжи студиите поради немањето финансии. Студентите се обединуваат и на социјалните мрежи го споделуваат повикот за помош за Андреа која има огромна желба да студира медицина. Гоце.мк се приклучува кон акцијата и повикува сите кои имаат можност да извршат донација, а воедно побаравме и мислење од Универзитетот „Гоце Делчев“. Во продолжение го пренесуваме повикот во целост:

Драги колеги,

Животната трагедија ја остави нашата колешка Андреа без родители и таа живее само со нејзината баба од скромни месечни приходи.

*Андреа е прва година и не е во можност да ги продолжи студиите на Факултетот и покрај тоа што има огромна желба.

Да покажеме вистинска солидарност и хуманост, оти СЕКОЈ од НАС може да биде Андреа.

‼️Сите заеднички да донираме на нејзината трансакциска сметка: 240157115152315 – Уни Банка

ФСС на ФМН при УГД одговорно се обврзува за укинување на партиципацијата за сите студенти без двајца родители при УГД.

Да подадеме рака, да помогнеме и да овозможиме пристојни студентски денови на нашата Андреа.

СТРАДА организира регионален настан за жени во индустријата и иновациите
СЗММ организира панел дискусија – Интеграција на молекуларната медицина во секојдневната пракса