ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.01.2023
Студентот кој го демне Илон Маск
Автор: Goce Author

Џек Свини, студент на Универзитетот во Централна Флорида, кој ги следеше летовите на приватниот авион на Илон Маск и ја објавуваше локацијата во реално време на Твитер, повторно е трн во окото на милијардерот.

Повеќе од две недели откако беше забранет од Твитер, Џек Свини има нов профил – @ElonJetNexDay. Од профилот студентот го следи приватниот авион на Илон Маск, но со „задоцнување“ од 24 часа.

Пред две години, Џек отвори профил на Твитер кој користеше јавни податоци за автоматско мапирање на летовите на приватниот авион на Маск @ElonJet. Маск побара од Свини, преку директна порака на платформата, да го избрише тој профил во замена за 5.000 долари.

Кога Свини на шега побарал Tesla Model 3 или 50.000 долари, Маск го игнорирал, но студентот очигледно не го заборавил.

Твитер ја суспендираше личната сметка на Свини, а подоцна истиот ден објави соодветно ажурирање на политиката за приватност на податоците, истакнувајќи дека „ е забрането споделување информации за локацијата во живо на друго лице“.

Според новите правила на Твитер, споделувањето јавно достапни информации за локација е дозволено откако ќе помине разумно време, така што поединецот повеќе не е изложен на ризик од физичка повреда.

Ова е онлајн играта Навигатор – преку неа младите ќе учат за човекови права
Топ 5 видео игри што ќе излезат во 2025 година