ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.11.2022
Студентски марш по повод Светскиот ден на студентот
Автор: Goce Author

Меѓународниот ден на студентот, студентите годинава го одбележаа со марш и минута молк за студентскиот стандард.

Студентите го изразија своето незадоволство пред влезот на Министерството за образование и наука (МОН) со транспаренти пораки.

Фото:radiomof.mk

Некои од нив гласеа:

,,Дали е ова 1939?“, „Без образование нема држава!“. „Тука сме за домот навистина да ти биде како дома!“, „Ајде да ги замениме нашите обороци со вашите!“

Студентскиот марш се одржа по повод Светскиот ден на студентот. Организацијата ја спроведоа универзитетските собранија на Факултетите од Скопје, Штип и Битола.

Студентите од УКИМ, УГД, ФОН, ФОП и движењето ,,Студентски отпор’’, побараа подобри услови во студентските домови, студентски оброк кој доликува на еден студент. Студент кој е иднината на нашата држава и подигнување на квалитетот на образованието.

Во организација на младинското движење „Студентски отпор“ пред четири дена се одржа протест. По протестот беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение.

Фото:radiomof.mk

Собраниската Комисија за финансирање и буџет го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, со кој се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно и предложи да се проследи на натамошна постапка во Собранието.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?