ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.02.2024
Студентски оброк од понеделник со неделна исплата
Автор: Goce Author

Средствата за Субвенциониран студентски оброк од понеделник ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата.

Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија, а во насока на унапредување на решението за користење на оваа системска мерка.

Фото: Мета

Министерството за образование и наука известува дека почнувајќи од следната седмица, секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк, на својата трансакциска сметка ќе добива буџет во износ од 840 денари кои ќе бидат наменети за купување оброк, односно намирници за прехрана и ќе може да се искористат од понеделник до сабота.

-На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа. Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од 1 до 5 секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.

(Аудио)Зошто протестираат студентите? – интервју со студентската правобранителка Савче Ѓошева

Со оглед на тоа што примената на новото законско решение стапува во сила од 1 март, МОН информира дека секој студент корисник на правото, овој петок ќе добие средства за двата преостанати дена од седмицата, односно 280 денари.

-МОН ја почитува волјата на студентите и го исполни нивното барање. Тие и понатаму ќе бидат важен партнер на институција во креирањето на политиките и мерките кои ги засегаат младите, се наведува во соопштението на  Министерство за образование и наука

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?