
Во новата академска година, студентите ќе ги добиваат паричните средства на наменска платежна картичка, пшреку Шпаркасе банка.
МОН склучи договор со Шпаркасе банка за реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк. Со тоа се овозможува средствата да се користат исклучиво за субвенционирање за обезбедување на здрав оброк на студентите.
Фото: Мета
-Во новата академска година, студентите ќе ги добиваат паричните средства на наменска платежна картичка. Ова е системското решение со кое нашите студенти, исто како и нивните европски колеги, добиваат финансиска поддршка само за намената за која се одвојуваат од буџетот на МОН – да им помогнеме во обезбедувањето здрав оброк, рече министерот Шаќири.
Сите студенти кои ќе стекнат право на субвенциониран студентски оброк, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменската платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката, издавањето и одржувањето на платежната картичка студентот нема да има трошоци.
Шпаркасе банка АД Скопје беше одбрана во транспарентна постапка, на јавен повик, согласно измените на Законот за субвенциониран студентски оброк.
Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, наменета за купување приготвена храна. Студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
Наменската картичка е дел од пакетот што ќе го добие студентот кој стекнал право на субвенциониран студентски оброк.
– Со овој пакет ќе им овозможиме на студентите да добијат многу поголеми дополнителни придобивки. Студентите ќе добијат две картички, едната ќе биде за купување здрав оброк а другата ќе биде платежна картичка Vibe on, со што тие стануваат дел од Клуб Премиум, изјави Санел Кустурица од Шпаркасе банка .
Годишно, за оваа мерка од буџетот на МОН се одвојуваат над 940 милиони денари