
Притисокот со кој се соочуваат студентите особено во време на испитна сесија може да доведе до појава на академски (студентски) стрес. Ваквиот стрес може да доведе и до чувство на анксиозност, депресија , недоволно спиење или пореметување во навиките за исхрана. Честопати студентите се соочуваат со умор и деконцентрација како последица од стресот кој дополнително може да доведе до намалени перформанси за учење и полош исход.
Нај ефективниот начин за намалување на стресот од испитот ги комбинира пристапите фокусирани на вештини (на пример, градење на вашите вештини за учење) со однесување или когнитивни пристапи (на пример, учење стратегии за управување со стресот). Кога ќе ја идентификувате причината за стресот на вашиот испит, треба да поставите дополнителни прашања кои ќе ви помогнат да одлучите која интервенција ќе биде најкорисна.
Учењето преку ден е најмногу продуктивно, сметаат научниците
Некои студенти ги гледаат испитите како закана, а размислувањата за нив се претежно негативни. Тие вклучуваат мисли како што се:
„Не ги разбирам овие работи“.
„Сигурно ќе паднам на овој испит.
„Што мислев кога го запишав овој предмет?
Овие негативни мисли може да доведат до стрес. Префрлувањето на позитивна рамка на умот може да помогне да се намали стресот. Обратете големо внимание на вашите мисли. Кога ќе се слушнете како размислувате негативно пред или за време на испитот, застанете и активно заземете нова перспектива.
Здравата исхрана, редовната физичка активност, избегнувањето на тутунот и други позитивни здравствени навики придонесуваат за подобро здравје, што помага да се заштитите од ефектите на стресот.